Шалке и Баерн Минхен одиграа без голови во еден од дербид уелите на второто коло од Бундеслигата. На „Фелтинс арена“ домашниот тим успеа да му се спротивстави на големиот фаворит.
Баерн имаше поголем посед на топката и создаваше притисок, но не успеа да го пронајде патот до мрежата. Одбраната на Шалке одигра одличен натпревар и ги неутрализираше нападите на баварскиот гигант.
За Шалке ова е значаен резултат против актуелниот германски шампион. Со освоениот бод повратникот во елитата потврди дека може да биде сериозен конкурент и против најдобрите екипи.