logo
logo
logo

Сер Алекс: Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ, плачев од радост

Vecer | 23.04.2021

Сер Алекс: Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ, плачев од радост

За прв пат по 1998 година репрезентацијата на Шкотска ќе учествува на едно големо натпреварување, во случајов на Европско првенство. Шкотланѓаните се пласираа на ЕП 2020 откако ја победија Србија во финалето на Лигата на нациите и тоа по подобро изведување на пеналите, а тоа беше еден многу емоционален момент за шкотскиот народ и за сер Алекс Фергусон кој исто така е Шкотланѓанец.

Тој откри дека не можел да ги запре солзите по последниот пенал кога Дејвид Маршал одбрани и ја однесе Шкотска на ЕП ова лето.

Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ. Ниту еден Шкотланѓанец нема да ја заборави. Ние го сакаме фудбалот, Шкотска е фудбалска нација и народот заслужува да ги види момците на европско првенство. Мислам дека фудбалерите го заслужија тоа и сега ќе можат да се радуваат на големи натпревари и блескави моменти. Тоа беше едно долго чекање, цели 22 години, во кои постојано се надевавме дека нешто ќе се случи. Мислам дека многу луѓе плачеа гледајќи го баражот со Србија, јас лично не можев да ги запрам солзите од радост и возбуда. Тој момент, да ја видиш својата репрезентација како прави успех е бесценето. Сега ни останува добро да се подготвиме и да одиграме квалитетно на континенталниот шампионат“, коментира Сер Алекс.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk