logo
logo
logo

Сензација во Купот на Кралот, Реал елиминиран од второлигашот Албасете

Vecer | 14.01.2026

Сензација во Купот на Кралот, Реал елиминиран од второлигашот Албасете

фото: RNE Deportes (X)

Каква сензација во Купот на Кралот приреди второлигашот Албасете. Катастрофалниот Реал Мадрид повторно се посрамоти и доживеа неочекуван пораз од 3:2 во осминафиналето против екипата од истокот на Шпанија.

Дебито на Алваро Арбелоа на тренерската позиција на „кралскиот клуб“ го одбележа бледа и неуверлива игра во натпревар во кој Реал излезе со измешан состав. Домаќините стигнаа до водство во 42-та минута преку Виљар, но само 6 минути подоцна Мастантуоно постигна гол за изедначување. Во вториот дел Реал беше далеку подобар ривал, но Албасете одлично ги одбиваше нападите на гостите. Во 82-та минута херојот Бентанкор постигна погодок за ново водство на Албасете, но Реал повторно се врати со голот на Гонзало Гарсија во 91-та минута. Сепак, домашните на крајот излегоа како победници по маестралниот гол на Бентанкор во 94-тата минута.

Во останатите натпревари кои се одиграа вечерва, Бетис ја совлада екипата на Елче со 2:1, а Алавес беше сигурен против Рајо Ваљекано со 2:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk