logo
logo
logo

Рафиња ја зовре атмосферата пред дербито Аргентина – Бразил!

Vecer | 25.03.2025

Рафиња ја зовре атмосферата пред дербито Аргентина – Бразил!

На преминот од вторник кон среда, со почеток од 01 часот, се игра големото дерби во квалификациите за СП 2026 меѓу Аргентина и Бразил Секако дека ниту еден меч кога играле овие две селекции, не е пријателски, а посебно сега.

И како што е тоа по обичај, секогаш има некој кој ќе ја “запали“ уште повеќе атмосферата пред овој меч, кој во буквална смисла е “класико“.

Тоа е сега Рафиња, кој во еден подкаст заедно со Ромарио буквално пцуеше по Аргентинците. Кажа и дека Бразил ќе ја тепа Аргентина и надвор од теренот ако треба.

И кога е така, не требаше многу за да Аргентинците одговорат.

На ова Отаменди одговори на социјалните мрежи со емотикон кој плаче од смеа. На ова видео се гледа како Отаменди во еден претходен меч меѓу овие две селекции како го удира Рафиња.

Од друга страна медумите во Аргентина јавно побараа од Отаменди и Ромеро како знаат да се справат со Рафиња.

Нема што, жешко ќе биде на „Монументал“ во Буенос Аирес.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk