Тренерот на Реал Мадрид е обвинет дека ја измамил државната каса од еден милион евра и ќе му се суди во среда на 2 април.
Провинцискиот суд во Мадрид за следната среда го закажа судењето на тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти . Обвинителството за него бара затворска казна од четири години и девет месеци, обвинувајќи го за измама на име на данок од милион евра.
Поточно , Карло Анчелоти е обвинет дека ја измамил државната каса за 1.062.079 евра во фискалните години 2014 (386.361 евра) и 2015 (675.718 евра), известува Обвинителството во Шпанија.
Од друга страна, даночната агенција веќе му го запленила даночниот долг во износ од 1.217.958,24 евра, бројка која вклучува доплата и камата.
Според Обвинителството , Карло Анчелоти ги прикрил своите приходи од искористување на имиџ правата, бидејќи тврдел дека ги префрлил на други субјекти. Движење кое јавното министерство го смета за фиктивно.