logo
logo
logo

“Да не користев кокаин во Челзи, веројатно ќе ја освоев Златната топка!“

Vecer | 28.03.2025

“Да не користев кокаин во Челзи, веројатно ќе ја освоев Златната топка!“

Пред две децении, Адријан Муту и тоа како беше еден од најголемите таленти во светот. И како таков, како доста млад, беше позната ѕвезда на фудбалското небо. Романецот во 2002/03 просто блесна во Парма и потоа следуваше мега – трансфер во Челзи. Муту, кој сега има 46 години тогаш за него Челзи плати 25 милиони евра.

Сепак работите не одеа како што треба. Место да стане, според талентор еден од најдобрите во светот, тука почна падот на неговата кариера. Муту потоа играше и за други клубови, но никогаш докрај не го искажа својот квалитет.

А причина за тоа, според неговите зборови, е дрогата:

Користењето кокаин кога бев во Челзи беше најлошата одлука што можев да ја донесам во мојата кариера. Бев сам во Англија и тажен, но дури и депресијата низ која поминував не може да ги оправда моите постапки. Челзи се разбира, не го толерираше мојот проблем со дрогата. Направив грешка, скршнав од вистинскиот пат и платив за тоа.Во бескрајните лаги и оправдувања бев сам и многу млад, но верувам дека во тоа време бев еден од најдобрите фудбалери во светот, да не беше кокаинот, можев лесно да ја освојам Златната топка, но лошите одлуки што ги донесов ме оттргнаа од тој пат и денес се трудам да не се обвинувам премногу за тоа“ истакна Муту.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk