Невиден скандал во Азиската ЛШ: Судија заменет на полувреме затоа што бил пијан! (ВИДЕО)

Vecer | 25.11.2026

Невиден скандал во Азиската ЛШ: Судија заменет на полувреме затоа што бил пијан! (ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Неверојатен скандал го одбележа натпреварот меѓу Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати и иранскиот Гол Гохар во Азиската Лига на шампиони 2. Главниот судија Хана Хатаб беше заменет на полувремето, по протестите на претставниците на двата клуба, кои тврделе дека арбитерот се однесувал невообичаено и дека можеби консумирал алкохол.

Проблемите започнале во 32. минута, кога Хатаб му покажал жолт картон на голманот на Ал Џазира, Ерсин Дестаноглу, по прекршок на негов соиграч. Одлуката предизвикала бурни реакции кај домашните фудбалери и стручниот штаб, а натпреварот бил прекинат околу четири минути.

Ситуацијата дополнително се влошила кога претставниците на Гол Гохар се обратиле до Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), предупредувајќи дека нивните играчи нема да го продолжат натпреварот доколку Хатаб остане главен судија. По реакцијата, одлучено е неговото место да го преземе четвртиот арбитар, па средбата продолжила.

Според информациите од двата клуба имало забелешки за однесувањето на сирискиот судија, а биле изнесени и сомневања дека консумирал алкохол. Инцидентот може да добие и дополнителна димензија. Иранскиот правен експерт Хушанг Насирзадех смета дека постои можност резултатот од натпреварот да биде поништен. Ал Џазира, сепак, на крајот славела со 1:0, со голот на Талиска.

🤯 FOOTBALL HAS NEVER SEEN ANYTHING LIKE THIS!
A referee was reportedly DRUNK during an AFC Champions League Two match and had to be REPLACED mid-game! He even booked a goalkeeper for a midfield foul! 😭😂 https://t.co/gFb2Uko1Bu

— Medgeda Ibrahim (@medgeda) November 25, 2026


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk