logo
logo
logo

Неславно деби на Мареска: Арсенал го декласира Сити и го освои пехарот во “Комјунити Шилд“!

Vecer | 16.08.2026

Неславно деби на Мареска: Арсенал го декласира Сити и го освои пехарот во “Комјунити Шилд“!

ФОТО:facebook.com/Arsenal

Да се знае кој е шампион. Се чини дека ова сакаше Арсенал да му покажа на Манчестер Сити во англискиот Суперкуп или “Комјунити Шилд“. Победа на Арсенал од 3:0 и со тоа му го расипа дебито на Енцо Мареска на клупата на Сити. Ова беше и прв официјален меч на Сити без Пеп Гвардиола. Со ова тимот на Микел Артета дојде до првиот трофеј во новата сезона.

Се играше 24 секунда кога Калафиори, по одличната асистенција на Луис-Скели донесе водство на Арсенал од 1:0 на задоволство на фановите на својот тим на стадионот во Кардиф.

Веќе во 28.минута Хаверц со убав удар со глава зголемува на 2:0, а само што започна второто полувреме, во таа 48.минута Одегард стрелаше за веќе убедливи 3:0. И се чини дека тука беше крајот на сите надежи на Сити дека може нешто да направи на овој натпревар кој секако дека ќе ги воодушеви фановите на Арсенал, а ќе ги загрижи оние на Манчестер Сити на помалку од една недела до стартот на новата сезона во Премиерлигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk