По 16-годишна репрезентативна кариера, 94 гола и 135 настапи, Ромелу Лукаку одлучи да се повлече од белгиската репрезентација. Последниот натпревар на напаѓачот за „Црвените ѓаволи“ беше на 5 октомври во поразот од Франција со 4-1.
„Во овие 16 години дадов сè од себе за репрезентацијата… Поминав низ секоја можна емоција…
Играв со неверојатни соиграчи, на кои секогаш ќе им бидам благодарен. Сакам да им се заблагодарам на сите… Сакам да им се заблагодарам на сите тренери што ме мотивираа и што ми веруваа да му помогнам на тимот… тоа беше прекрасно патување и уживав во секој момент.
До белгиските навивачи – ви благодарам за поддршката што му ја дадовте на нашиот тим… Горд сум што ја претставував мојата земја на 4 Светски првенства и 3 Европски првенства…
Никогаш нема да ги заборавам овие моменти. Целосно сум помирен со мојата одлука да застанам тука. Беше неверојатно. Беше вистинско задоволство. Благодарен сум. Ви благодарам“, напиша Лукаку на своите социјални мрежи.