logo
logo
logo

Лудница на „Сантијаго Бернабеу“ и бурна прослава на Надал (ВИДЕО)

Vecer | 02.04.2025

Лудница на „Сантијаго Бернабеу“ и бурна прослава на Надал (ВИДЕО)

На „Сантијаго Бернабеу“ се одигра спектакуларен реванш меч во рамките на полуфиналето на Копа дел Реј помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад (4:4). Реал Мадрид го доби првиот натпревар на гости со 1:0. Но, гостите од Баскија дојдоа во Мадрид да ги одмерат силите во финалето. Победникот беше решен во продолжението, а таму Антонио Рудигер погоди во 115. минута за ерупција на трибините и конечни 4:4. Реал Мадрид на тој начин стигна до финалето на купот, каде ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Атлетико и Барселона. Реваншот е денеска во Мадрид, а првиот натпревар во Барселона заврши 4:4.

На трибините беше и легендарниот тенисер, Рафаел Надал, кој лудо го прослави голот на Реал за финале.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk