logo
logo
logo

Слот му врати на Овен: Како тоа ќе освоиме “само“ ПЛ, па Ливерпул има само една титула за 35 години!

Vecer | 05.04.2025

Слот му врати на Овен: Како тоа ќе освоиме “само“ ПЛ, па Ливерпул има само една титула за 35 години!

Откако Ливерпул испадна од ЛШ, од Карабао Купот и ФА Купот, дел од фановите на овој култен клуб неа разочарани, без разлика што “Редси“ се на чекор да ја освојат титулата во Премиерлигата и тоа прва по 2020 година. Тоа ќе биде нивна втора за 35 години.

Мајкл Овен, легената на Ливерпул во свој коментар истакна дека оваа сезона можело повеќе и дека тој не е задоволен од тоа што Ливерпул ќе освои “само“ трофеј во ПЛ.

На тоа прво реагираше капитенот Вирџил ван Дајк, а потоа и менаџерот на “редси“, Арне Слот:

Вирџил со право е фрустриран. Па Овен играл за Ливерпул и добро знае дека за 35 години овој клуб има само една титула во Премиерлигата. Како тоа Овен говори дека ќе освоиме “само“ титула во ПЛ? Навистина не ми е јасно! Кога ќе освоите трофеј со Ливерпул во ПЛ тогаш ништо друго не е важно“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk