logo
logo
logo

„Чеканите“ одиграа без победник против Борнмут, победи за Кристал Палас и Вулверхемптон!

Vecer | 05.04.2025

„Чеканите“ одиграа без победник против Борнмут, победи за Кристал Палас и Вулверхемптон!

Интересно беше попладнево во Лондон на средбата Вест Хем – Борнмут, кој на крајот заврши со резултат 2:2. Во водство дојдоа гостите со голот на Еванилсон во 38.минута. Потоа следуваше пресврт со два гола за водство од 2:1 и тоа со головите на Фулкруг и Бовен во 61. и 68.минута. Сепак за да овој меч заврши без победник се погрижи повторно Еванилсон во 80.минута.

Ипсвич дома беше поразен од Вулверхемптон со 1:2. Стрелец за домашните беше Делап за 1:0, но “волците“ со головите на Сарабиа и Ларсен освоија три бода.

Кристал Палас дома славеше со 2:1 против Брајтон и тоа со головите на Муњоз и Матета, а стрелец за гостите беше Велбек.

На овој меч беа покажани три црвени картони. Два за домашните, Нкетиа и Гуеји, а кај гостите предвреме го напушти теренот Ван Хеке.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk