logo
logo
logo

Валенсија на Димитриевски го „потопи“ Реал на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Vecer | 05.04.2025

Валенсија на Димитриевски го „потопи“ Реал на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Шпанскиот првак Реал Мадрид претрпе повеќе од изненадувачки пораз на домашен терен на мечот со Валенсија од 1:2 во пресметката од 30. Коло на Ла Лига, оставајќи и отворен пат на Барселона да ја зголеми предноста на врвот во трката кон шампионската титула. Голот на Уго Дуро длабоко во додаденото време го замолкна „Бернабеу“ во моментот кога „кралевите“ очајнички бараа победнички гол.

Ова е прва победа за „лилјаците“ на овој стадион по 17 години. Голема улога во успехот имаше голманот на гостите Мамардашвили, кој добрани и пенала притоа имаше осум одбрани.

Стрелец на првиот гол за гостите беше Муктар Диакаби во 15. Минута, а Винисиус Жуниор кој промаши пенал, израмни на 1:1 во 50. минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk