logo
logo
logo

ЛШ: Шок за Фенер во 92. минута, Борусија ги однесе бодовите од Баку

Vecer | 20.10.2026

ЛШ: Шок за Фенер во 92. минута, Борусија ги однесе бодовите од Баку

Фудбалерите на Фенербахче со фуриозен почеток на дуелот со Славија Прага најавија атак на првата сезонска победа во Лигата на шампионите, но финишот донесе големо разочарување во Истанбул. Турците вечерва пред своите фанови поведоа со 2:0, откако постигнаа два гола во првите 11 минути. Огуз Ајдин ја затресе мрежата во 4. минута со одличен индивидуален продор и прецизен удар, носејќи му рано водство на турскиот тим. Во 11. минута Мејсон Гринвуд ја зголеми предноста на 2:0 по одлична комбинација со Нелсон Семедо, па се чинеше дека Фенербахче целосно го контролира натпреварот. Сепак, Славија Прага не се предаде. Во 15. минута Лукас Провод ја искористи големата грешка на Матео Гендузи во сопствената половина и го намали резултатот на 2:1. Иако до крајот се чинеше дека победата ќе остане во Истанбул, така не мислеа гостите кои во 92. минута преку Кацор погодија за 2:2 и еден голем бод од ова гостување.

Борусија Дортмунд славеше со 1:2 кај Сабах во вториот натпревар од третото коло во лигашката фаза на Лигата на шампионите. Германскиот тим поведе во 10. минута преку Серу Гираси, кој најдобро се снајде по одбиената топка од голманот Стас Покатилов и ја испрати во мрежата за 0:1. Сепак, домаќините не се предадоа и успеаја да израмнат во 39. минута. По слободен удар на Тимутијуш Пухач, Аден Мекарти беше највисок во скокот и со удар со глава го совлада Грегор Кобел за 1:1. Одлуката за победа падна во 53. минута кога Гирасу по вторпат погоди за конечни 1:2.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk