logo
logo
logo

Лига на Нации: Зидан посакува прва домашна победа, Италија против Турција

Vecer | 05.10.2026

Лига на Нации: Зидан посакува прва домашна победа, Италија против Турција

ФОТО:facebook.com/equipedefrance

Денеска се играат осум натпревари од 4.коло во Лигата на Нации и тоа во сегментите А, Б и Ц. По ремито со Италија на “Сент Дени“ во Париз, вечерва Франција посакува победа против Белгија. Ова е четврти меч на Зинедин Зидан како селектор на Франција и ја посакува првата домашна победа. Сепак нема да биде лесно, “новата“ Белгија знае да изненади. Да потсетиме дека на првиот меч пред неколку дена “триколорите“ славеа на гости.

Италија се “буди“, ама Турција е во нокаут. Еве шанса за четата на Роберто Манчини за уште еден добар настап и втора победа. Турците досега имаат три порази во исто толку мечеви, време е за добар резултат.

Ова се двојките во А Лигата на Нации.

Во продолжение можетеда ги видите сите двојки од денешните натпревари и во Б и во Ц Лигата на Нации.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

А ЛИГА НА НАЦИИ – 20.45 Ч

Франција – Белгија

Италија – Турција

Б ЛИГА НА НАЦИИ – 20.45 Ч

БиХ – Полска

Романија – Шведска

С.Ирска – Грузија

Украина – Унгарија

Ц ЛИГА НА НАЦИИ

Кипар – Летонија (18 Ч)

Црна Гора – Ерменија (20.45 Ч)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk