logo
logo
logo

ЛАЖНИОТ НЕЈМАР продолжува да прави шоу во Катар! Го „МАМИ“ обезбедувањето, навивачите го бркаат по улици

Vecer | 30.11.2022

ЛАЖНИОТ НЕЈМАР продолжува да прави шоу во Катар! Го „МАМИ“ обезбедувањето, навивачите го бркаат по улици

Додека вистинскиот Нејмар мирува и се опоравува од повредата што ја заработи на мечот со Србија, неговиот двојник, момчето кој е плукнат фудбалерот, ја купува целата слава во Катар. Ова момче неодамна на мечот меѓу Швајцарија и Бразил направи вистинска гужва меѓу навивачите кога влезе на трибината со приврзаниците на јужноамериканскиот тим. Можете само да ја замислите нивната реакција кога покрај себе ја здогледаа „првата ѕвезда на тимот“, тотално откачија, па го опколија и правеа селфи долго време.

 

Фотографиите од неговото присуство на трибината на која ја играше најголемата ѕвезда на Бразил го обиколија светот и насмеаја многумина. Оваа неверојатна реплика на најдобриот бразилски фудбалер сепак и понатаму успева да ги убеди сите околу него дека тој е всушност оригиналот.

Дури и на улица брзо го препознаваат, штом го видат му приоѓаат да се фотографираат, не ја гледаат разликата, бидејќи таа е зачудувачки минимална во споредба со ликот и изгледот на вистинскиот Нејмар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk