Куртоа ја “запали“ Шпанија пред „Ел Класико“: Се надевам дека судиите нема да грешат на штета на само на еден тим“!

Vecer | 22.10.2026

Куртоа ја “запали“ Шпанија пред „Ел Класико“: Се надевам дека судиите нема да грешат на штета на само на еден тим“!

ФОТО: Real Madrid FC/X

Во светот на фудбалот едвај се чека недела и 21 часот за кога е закажано новото „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид. И како што е вообичаено атмосферата се загрева а голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа со една своја изјава прсто ја “запали“ Шпанија.

„Се надевам дека судиските грешки во претстојното Ел Класико нема повторно да одат во корист на едната иста страна, како што беше случајот досега. Тие ни се потсмеваат, нè тераат да слушаме разговор во живо меѓу судискиот тим, а потоа главниот судија донесува сосема спротивна одлука. Мислам дека ВАР премногу се меша во сè, тие се мешаат во работи во кои немаат право да интервенираат“, рече Куртоа.
Голманот на Реал Мадрид потоа рече дека ќе дојдат на Камп Ноу во недела за да победат.
„Ел Класико е секогаш 50-50, дури и ако еден тим влезе во натпреварот во подобра форма. Ние сме два сосема различни тима кои играат во различни стилови. Барселона стана многу напаѓачка“, вели голманот на Реал и продолжува.
„Доаѓаме на Камп Ноу во недела со намера да победиме. Самоуверени сме, полни со самодоверба и сакаме да оставиме силен впечаток. Ќе мора добро да се браниме и да ја искористиме секоја можност. Барселона можеби е малку подобра од нас во моментов, но ништо не е завршено.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk