Комо оствари убедлива победа од 3:0 над Јувентус во 13. коло од италијанската Серија А и ја запиша деветтата победа сезонава, со која повторно се искачи на четвртото место на табелата.
Гостите уште од петтата минута играа со фудбалер помалку, откако директен црвен картон доби Коло Муани. Пред крајот на првото полувреме Нико Паз од слободен удар го отвори резултатот, а во вториот дел Дувикас со два гола, во 63. и 80. минута, ја потврди убедливата победа на домаќините.