Класика потег на Мурињо: „Зјапаше“ во клупата на Барселона додека Реал победуваше на терен (ВИДЕО)

Vecer | 26.10.2026

Класика потег на Мурињо: „Зјапаше“ во клупата на Барселона додека Реал победуваше на терен (ВИДЕО)

Првиот сериозен удар во Примера шампионатот, синоќа тимот на Реал Мадрид му го нанесе на големиот ривал Барселона.

На Ноу Камп се одигра првото „Ел Класико“ годинава, а истото го доби Реал со конечни 1:2. Мбапе погоди за водство во 41. минута, Рафиња израмни по еден час игра, за да потоа французинот го замолкне цел аудиториум со голот во последните моменти од мечот за конечна гостинска победа.

И додека „Кралевите“ се „бркаа“ по теренот прославувајќи го победничкиот гол, Жозе Мурињо како по обичај имаше друга идеја.

Застана речиси пред клупата на Барселона, молчеше и директно ги гледаше оние кои што беа на неа. Провокацијата доволна за да биде дозволена и приметена. Типично во Мурињо стил, португалецот се насмевна само и си замина доволно правејќи домаќинот да се чувствува уште поужасно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 433 (@433)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk