logo
logo
logo

Холанѓаните ја повлекоа поддршката за Инфантино и бараат длабоки промени во ФИФА

Vecer | 31.08.2026

Холанѓаните ја повлекоа поддршката за Инфантино и бараат длабоки промени во ФИФА

ФОТО: FIFA.COM

Холандскиот фудбалски сојуз го повлече своето писмо за доверба на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и побара големи промени во раководењето со светската фудбалска организација. Холанѓаните предлагаат во Амстердам да се одржи меѓународен самит на кој би се разговарало за иднината на ФИФА.

Од федерацијата сметаат дека организацијата има потреба не само од нов претседател, туку и од целосна промена на начинот на кој се управува. Холандскиот сојуз посочува дека премногу моќ е концентрирана во рацете на претседателот и дека е потребно подобро раздвојување на претседателската и административната функција.

Тие бараат ново раководство на ФИФА од 2027 година, а меѓу главните барања се и поголема транспарентност, посилни механизми за контрола и поголема заштита на човековите права и одржливоста. Холанѓаните предлагаат до 90 отсто од средствата што ФИФА ги распределува да се инвестираат назад во развојот на фудбалот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk