logo
logo
logo

Халанд со убедлива предност пред Меси ја доби наградата на УЕФА и израмни рекорд на Роналдо

Vecer | 31.08.2023

Халанд со убедлива предност пред Меси ја доби наградата на УЕФА и израмни рекорд на Роналдо

Ерлинг Халанд го повтори достигнувањето на Кристијано Роналдо со освојување на наградата за најдобар играч за минатата сезона според УЕФА. Напаѓачот на Манчестер Сити е прогласен за играч на годината од УЕФА откако претходно ги доби и наградите од Здружението на фудбалски новинари на Англија и Здружението на професионални фудбалери.

Халанд денеска освои 352 гласа во изборот на УЕФА за кој гласаше и „СпортСпорт“, додека второпласираниот Меси имаше 227 поени, одека Де Бруине остана трет со 225 гласа.

Инаку, последен играч кој ги освоил сите три награди во една година е Кристијано Роналдо во 2008 година. Истата година за прв пат ја освои Златната топка.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk