Манчестер Јунајтед го победи Манчестер Сити со 1:2 на гостински терен во 16. коло од Премиер лигата. Актуелните шампиони на Англија водеа до 88. минута со голот на хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиола, но не успеаја да победат. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола по натпреварот изјави:
“Вакви работи почнаа да ни се случуваат премногу често. Нашиот начин на игра не беше добар. Порано сè се одвиваше така глатко, сега се мачиме. Има многу порази оваа сезона. Тешко е да се прифати дека на крајот ние примивме два гола и загубивме. Не сме имале толку порази во последните две сезони заедно.
Мислам дека овој пораз не беше најлошиот во последните девет години. Потешки се во Лигата на шампионите. Но, во моментов ни требаат резултати за да го подигнеме расположението. Сè е се полошо и полошо. Морам да најдам решение. Досега не сум успеал и тоа е вистината“.
Сити кој е петти на табелата во Премиер-лигата со 27 бода, во следното коло гостува кај Астон Вила.