logo
logo
logo

Втор отказ на денот во Премиер-лигата, му пресуди петардата од Тотенхем

Vecer | 16.12.2024

Втор отказ на денот во Премиер-лигата, му пресуди петардата од Тотенхем

Раководството на Саутемптон во неделата вечерта го разреши тренерот на првиот тим Расел Мартин, објави англискиот премиерлигаш на својата официјална веб-страница. Со само пет бода од 16 натпревари, Саутемптон е на дното на табелата во Премиер лигата, а на Мартин му пресуди неделниот пораз на домашен терен (0:5) од Тотенхем.

„Можеме да потврдиме дека донесовме тешка одлука да се разделиме со нашиот прв тренер Расел Мартин.  Би сакале да ја искористиме оваа прилика да им се заблагодариме на Расел и неговиот персонал за сета напорна работа и посветеност што му ја дадоа на клубот на и надвор од теренот во изминатите 18 месеци“,, стои во официјалното соопштение.

За 38-годишниот стручњак ова беше прво искуство во Премиер-лигата, за кое се избори водејќи го Саутемптон до 4-то место во Чемпионшип минатата сезона, а потоа преку плеј-офот преку Вест Бромвич Албион и Лидс Јунајтед до промоција во елитната класа на англискиот клубски фудбал.

Управниот одбор на Саутемптон соопшти дека во следниот период, до именувањето на нов селектор, првиот тим ќе го предводи Сајмон Раск, кој моментално е на местото селектор на селекцијата до 21 година.

Мартин е четвртиот менаџер кој доби отказ оваа сезона во Премиер лигата и вториот кој остана без работа овој викенд. Само неколку часа пред неговото отпуштање, Вулверхемптон Вондерерс го отпушти Гери О’Нил. Првиот премиерлигашки тренер кој остана без работа беше Холанѓанецот Ерик тен Хаг, кој на 28 октомври доби отказ од Манчестер Јунајтед, а на 24 ноември управата на Лестер Сити го разреши Стив Купер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk