Гром удри во авионот на Бешикташ

Vecer | 26.11.2026

Гром удри во авионот на Бешикташ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Фудбалерите на Бешикташ доживеаја вистинска драма за време на летот кон натпреварот од Лига Европа против Хапоел Бер Шева. Авионот со тимот налета на силно невреме, при што, според извештаите на турските медиуми, во леталото удрил и гром.

Авионот требало да слета во Батуми, Грузија, но поради лошите временски услови, пилотот во последен момент се откажал од слетувањето и го пренасочил леталото кон турскиот град Ризе, каде што тоа успешно слетало. Тука не завршиле неволјите, бидејќи фудбалерите морале да го продолжат патот до Грузија со автобус.

Директорот на клубот, Ундер Озден ја пренесе во медиумите сериозноста на ситуацијата.

„Верувам дека ова беше една од најопасните ситуации што некогаш сум ги доживеал. Бевме малку исплашени. Сите се плашеа, но тоа не е важно; сите бевме заедно и заедно го надминавме тоа – рече Озден.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk