Екипата на Барселона синоќа во рамките од новото коло од Лигата на Шампионите, имаше доста егзотично гостување, во Баку, кај тимот на Сабах. Не секој ден во најсилното фудбалско клупско натпреварување се гостува во овој дел од светот, а токму на овој меч англискиот интернационалец Ентони Гордон постави интересен и раритетен рекорд.
Aнглискиот крилен играч стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал шест гола на гостински терен во иста земја во текот на една календарска година.
Претходниот рекорд изнесуваше пет гола, а го држеа Кристијано Роналдо, кој го оствари тоа во Турција во 2013 година, и Карим Бензема, кој го постигна истото во Англија во 2022 година.
Гордон исто така постави рекорд за најмногу голови на гостински терен постигнати од еден англиски играч во иста земја. Минатата сезона, како играч на Њукасл, тој четири пати ја затресе мрежата против Карабах во Азербејџан.