Кој си знае, и тоа како си знае. Од некои оспоруван, ама еден е Жозе Мурињо. Под негово водство Реал Мадрид влезе во форма и си гази. Па така во Лигата на Шампионите “кралевите“ се единствени со “пет од пет“ и заслужено се на чело на табелата откако во рамките на 5.коло славеа дома против ПСВ со 5:1.
Значи “специјалниот“ е на врвот на Европа, тој и неговиот тим се лидери.
Следуваат ПСЖ со четири победи и едни реми, Комо е трет што е фантастичен успех за дебитантот во Лигата на Шампионите. Меѓу првите осум се и Барселона, Ливерпул, Бетис, Арсенал и Сити.
Интересно, Манчестер Јунајтед е 19-ти, исто како и во Премиер-лигата.
Ова е табелата во Лигата на Шампионите по 5.коло: