logo
logo
logo

Гана го врати Карлос Кеирош на селекторското место

Vecer | 03.09.2026

Гана го врати Карлос Кеирош на селекторското место

фото: KickOff Online @KickffMagazine (X)

Карлос Кеирош повторно е селектор на фудбалската репрезентација на Гана, откако беше повторно назначен на функцијата помалку од два месеци по оставката. Португалскиот стратег во јули се повлече по елиминацијата на „Црните ѕвезди“ од Светското првенство.

Кеирош ја презеде Гана во април, непосредно пред Мундијалот, а на турнирот успеа да ја одведе репрезентацијата до 1/16-финалето. Таму Гана беше елиминирана од Колумбија, по што 73-годишниот тренер реши да го напушти кормилото.

Сепак, по новите разговори со Фудбалската федерација на Гана и Министерството за спорт и рекреација, двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката. Новиот мандат на Кеирош ќе започне во претстојниот репрезентативен термин. Првата голема задача ќе биде квалификацискиот циклус за Африканскиот куп на нации 2027.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk