Флик: Во Барселона мотивација не недостасува ниту за дуели како против Сабах

Vecer | 24.11.2026

Флик: Во Барселона мотивација не недостасува ниту за дуели како против Сабах
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Екипата на Барселона замина на едно од најнесекојдневните гостувања во оваа сезона, а тоа е дуелот од Лигата на Шампионите против тимот на Сабах.

Истиот се игра утре со почеток од 18:45 на стадионот во Баку, Азербејџан, каде што во моментов секако дека владее фудбалска екстаза.

Денеска пак, на официјалната прес конференција пред мечот, тренерот на Барселона, Ханси Флик рече дека за професионалци како фудбалерите на Барселона не може да нема мотивација па дури и на мечеви во Азербејџан.

„Сабах е храбар тим кој игра многу добро во првенството. Овој тим би можел да биде и во шпанската лига. Утре ќе се обидеме да го играме нашиот фудбал и со свој интензитет. За нас, најважно е да одиграме добар натпревар. Ова е Лига на шампиони и мора да покажеме добро ниво.Не мислам дека е потребно да ги мотивираме нашите играчи. Ние сме Барселона, важно е да ги освоиме трите бода. Обожаваме да играме во Лигата на шампионите и нашите играчи се секогаш мотивирани“ – рече Флик. 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk