По смена на власта во Србија ЦРВЕНА ЗВЕЗДА И ПАРТИЗАН НЕМА ДА ДОБИЈАТ ФРАНШИЗА ЗА ЕВРОЛИГА

Vecer | 15.11.2026

По смена на власта во Србија ЦРВЕНА ЗВЕЗДА И ПАРТИЗАН НЕМА ДА ДОБИЈАТ ФРАНШИЗА ЗА ЕВРОЛИГА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Извршниот директор на Евролигата, Ќус Буено, во опширно интервју за Eurohoops, зборуваше и за новите франшизи во најсилното клупско натпреварување на Стариот континент.

Буено објасни дека сите 15 кандидати не можат да добијат трајни лиценци во Евролигата истовремено.

Во еден момент, тој зборуваше и за клубовите во чија земја се смени власта. Иако не ги спомена имињата на вечните ривали на Белград, јасно е дека зборувал за Партизан и Црвена Звезда, кои сега нема да добијат статус на франшиза, туку ќе добијат нови тригодишни договори со Евролигата што ќе ги врзат за елитното натпреварување до 2030 година.

- Сакам да кажам дека спроведовме детална анализа. Знаеме кои клубови денес имаат потенцијал да се натпреваруваат на највисоко ниво, како во спортска и финансиска смисла, така и кога станува збор за салите и другите организациски услови. Тие се способни да исполнат голем број барања - рече Буено за Eurohoops.

Протече информација дека Валенсија, Париз, Дубаи, Максима Рома, Хапоел Тел Авив и ПАОК наскоро официјално ќе добијат статус на франшиза.

- Има клубови кои денес не се подготвени бидејќи има промена на власта, поради што повеќе не можат да сметаат на државни субвенции. Досега тие работеа благодарение на државни пари, што создава многу неизвесна ситуација. Исто така, се поставува прашањето кој може да ја плати таксата за пристап. Но, тие клубови се важни за нас.

Затоа мора да најдеме начин да им дозволиме да го поминат овој период и да чекаат вистинскиот момент за да добијат статус на франшиза, бидејќи можеби сега не е вистинско време за нив. Не грижете се, ние ќе ви помогнеме. Останете со нас, поминете го овој период и ќе разговараме повторно кога ќе бидете подготвени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk