Драма во Лондон: Арсенал повторно се спаси од пораз (ВИДЕО)

Vecer | 29.11.2026

Драма во Лондон: Арсенал повторно се спаси од пораз (ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Арсенал и Манчестер Сити одиграа нерешено 2:2 во дербито од 12. коло во Премиер-лигата, на „Емирати“. Гостите беа на чекор до голема победа, но лондонскиот тим, повторно, успеа да избегне пораз со гол во завршницата.

Ерлинг Халанд го доведе Сити во водство во 34. минута (ВИДЕО), по асистенција на Јошко Гвардиол, но Каи Хаверц израмни во 40. минута (ВИДЕО). На почетокот на вториот дел, Енцо Фернандез повторно им донесе предност на гостите (ВИДЕО).

Арсенал тргна во офанзива, а притисокот даде резултат во 84. минута. Резервистот Еберечи Езе асистираше, а Јуриен Тимбер погоди за конечни 2:2 (ВИДЕО). Во 97. минута Сити бараше пенал по играњето со рака на Виктор Ѓокереш, но судијата не покажа на белата точка (ВИДЕО).

Арсенал останува лидер на табелата со 29 бода, шест повеќе од Манчестер Сити, кој продолжи со серијата од пет натпревари без победа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk