logo
logo
logo

ДЕНЕС НАВИВАМЕ - Македонија игра против Германија

Vecer | 14.01.2024

ДЕНЕС НАВИВАМЕ - Македонија игра против Германија

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Берлин, против Германија, ќе го одигра вториот натпревар во рамките на Европското првенство. Македонија, континеталниот шампионат го отвори со пораз од Франција (29:39), а Германија во првата рунда славеше над Швајцарија (27:14).

„Максимално сме спремни и можам да ветам една поборбена и поквалитетна Македонија. Селекторот одлучува како ќе играме против Германија. Наше е да ги спроведеме неговите замисли. Франција е поквалитетна и поискусна од Германија, но Германците секогаш даваат сè од себе за репрезентацијата“, изјави Филип Кузмановски.

Од таборот на Гернамија се сакаат да ја прифатат фаворитската улога, велат дека сериозно ќе влезат во дуелот со Македонија. Јасно е дека Германија со победа ќе обезбеди место во втората фаза.

Натпреварот почнува во 20:30 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk