logo
logo
logo

Утрото донесе нов шок за фановите на Баерн, Милер се збогува со писмо: Намерно го сторија тоа!

Vecer | 05.04.2025

Утрото донесе нов шок за фановите на Баерн, Милер се збогува со писмо: Намерно го сторија тоа!

Искусниот германски фудбалер Томас Милер утрово стана главна тема на фудбалската јавност поради писмото кое го објави на социјалните мрежи. Целата досегашна кариера Милер ја мина во дресот на Баерн со кој освои се што можеше.

Иако имаше желба да се пензионира во Баерн, се чини дека тоа нема да може да го направи. После 25 години во дресот на овој тим дојде момент за разделба.

Неговиот договор со Баварците истекува на крајот од оваа сезона и челниците на овој клуб не му понудија продолжување на соработката, што го разочара овој играч, но и навивачите на Баерн.

Милер утринава ги шокираше сите со признанието дека на лето го напушта Баерн и јавно објави писмо во кое откри дека никој од клубот не му ни понудил опција за продолжување на договорот.

“По многу шпекулации за мојот статус во последно време, со ова писмо сакам да ги решам сите дилеми. И по сите овие години, сè уште уживам да играм за Баерн и да се борам за титули од сезона во сезона. Можев да се замислам дека ќе го правам тоа и следната година. Клубот намерно одлучи да не преговара за нов договор со мене. Иако не ја исполнува мојата желба да останам, јас ја почитувам одлуката на клубот. 

Не ми се допадна сето она што се случи во последните недели и месеци и решив да бидам тој што ќе реагира. Им благодарам на сите во Баерн за се што ми дадоа во овие 25 години колку што сум член на овој клуб“, се вели во писмото на Милер.

Милер дебитираше за првиот тим на Баерн далечната 2008 година, а за многумина е разочарувачки што клубот не му даде опција да ја заврши кариерата на „Алијанц Арена“.

Се шпекулира дека Мулер ќе ја напушти Европа на крајот на сезоната и дека на маса веќе има примамливи понуди од Америка и Саудиска Арабија. Во досегашната кариера во дресот на германскиот клуб има одиграно 743 натпревари на кои постигна 247 голови и додаде 273 асистенции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk