Македонската кошарка оваа година може да добие нов претседател, затоа што со огромна поддршка побарано е вонредно собрание во Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), дознава Gol.mk.
Перо Антиќ, актуелниот прв човек на КФСМ, беше реизбран на 29 март 2023 година, а откако истекоа две години од неговиот мандат во кој не можеше да му се изгласа недоверба затоа што беше заштитен според Статутот кој не дозволува свикувања на Вонредни собранија, следеше реакција на противкандидатите.
Во име на Младен Ѓуроски, побарано е Вонредно собрание. Низ кошаркарските кулоари се зборува и за негова огромна поддшка, затоа што, неофицијално, преку 40 клуба се потпишале „за“ иницијативата за вонредно собрание.
Се чека вонредното собрание да биде закажано, за потоа да се добие одговор кој ќе ја води „куќата на кошарката“ во следниот период.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата