logo
logo
logo

Шок за Баерн: Пред најважните битки остана без фудбалер од 140 милиони евра

Vecer | 05.04.2025

Шок за Баерн: Пред најважните битки остана без фудбалер од 140 милиони евра

Баерн извојува важна победа во баварското дерби од 28.коло во Бундеслигата од 3:1 кај Аугсбург.  На шест кола пред крајот на првенството, Баерн привремено ја зголеми предноста на врвот на табелата на девет бодови пред актуелниот шампион Баер Леверкузен, кој има натпревар помалку.

Сепак, победата остана во сенка на повредата на Мусиала. Во 55. минута без да оствари контакт со противникот се урна и остана да лежи на теренот. Мораше да биде заменет поради проблем со задната ложа.

На овој начин продолжија големите проблеми со повредите за Баерн кој на овој натпревар одигра без дури седум повредени играчи. На нив се придружи напаѓачот Мусиала, кој постигна 18 гола и постави осум гола на 40 натпревари оваа сезона. Младиот (22) офанзивец на вкупно 208 настаапи за Баерн има 61 гол и намести 38 гола. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 140 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk