Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на првиот дуел во Косово, вечерва во Андора беше 0:0, па пеналите решаваа за тоа кој оди во главната фаза. Интер Ескалдес испиша историја.
Во 1997 екипата на Принципат стана првиот андорски клуб што настапил во европско натпреварување, во квалификациите за Купот на УЕФА. Десет години подоцна, Санта Колома ја забележа првата победа на андорски клуб во Европа – 1:0 против Макаби Тел Авив во Купот на УЕФА.
Во 2009 екипата на Ст. Јулија стана првиот андорски клуб што елиминирал противник во европски натпревар, совладувајќи го Тре Фиори од Сан Марино на пенали во квалификациите за ЛШ, а еве оваа година се случи и најголемото чудо: Интер Ескалдес стана прв клуб од Андора во главната фаза на УЕФА натпреварување.