logo
logo
logo

ЛИНА Ѓорческа: Ова беше остварување на сонот

Vecer | 30.06.2026

ЛИНА Ѓорческа: Ова беше остварување на сонот

По мечот со Аманда Анисимова од САД на стартот од Вимблдон, во кој загуби со 6-3, 6-2, Лина Ѓорческа во изјава за официјалната весбтраница на неофицијалното светско првенство во тенис изјави дека тоа за неа претставувало остварување на сонот.

„Дури и да не сакав да слушам пред мечот, тоа беше насекаде. Во моментов не се случуваат многу работи дома, па ова беше навистина голема работа за сите нив. [Добив] многу пораки за поддршка што ми значат сè на светот“, рече првиот тенисер од Македонија со настап во главната конкуренција на гренслем-турнир во сингл.

„Играњето на овој голем терен со многу публика беше навистина неверојатно. Тоа е еден од најдобрите – ако не и најдобриот – турнир, па затоа е навистина животно искуство. Исто така, да се игра против Аманда, финалистка и неверојатен играч, тоа е навистина остварување на сонот“, додаде највозрасниот дебитант на гренслем по 1971 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk