Џек Грилиш кога пред нешто повеќе од три години направи трансфер од Астон Вила во Манчестер Сити тоа беше еден од најголемите трансфери во Премиер-лигата во историјата.
Ако 2023 година репрезентативецот на Англија беше одличен во дресот на “граѓаните“ тоа не може да се каже за 2024 година во која беше очаен и затоа и го загуби првотимскиот статус во тимот на Пеп Гвардиола а и не беше дел од репрезентацијата на ЕП 2024.
Иако е под договор со Сити, неколку клубови, посебно Њукасл се интересираат за неговите услуги а како што пренесуваат медиумите од Островот, лесно може да се случи офанзивецот и еден од најдобрите фудбалери во Премиер-лигата до пред една година, би можел уште во јануари да го облече дресот на Тотенхем.
Наводно Сити и Тотенхем имале почетни разговори за Грилиш. Се наведува ако ова се оствари тогаш тоа ќе биде куса позајмица во Тотенхем и дел од платата на играчот ќе биде покриена од Манчестер Сити.