Барселона вечерва во меч од 1/16 финалето во “Копа дел Реј“ успеа на рутински начин да дојде до убедлив триумф на гостувањето кај Барбастро со 0:4 и со тоа да се пласира во 1/8 финалето на ова натпреварување.
Третолигашот иако со голема желба барем да се закани, сепак не можеше ништо повеќе од комбинираниот тим на Барса. Имено стратегот Ханси Флик на дел од своите главни играчи не им даде минутажа. На голот беше Шчесни, а во нападот Левандовски кој на оваа средба постигна два гола.
Гарсија во 21.минута му донесе водство на гостинскиот состав, додека Левандовски зголеми на 0:2 со неговиот прв гол во таа 31.минута. Со овој резултат се замина и на одмор.
Само што почна второто полувреме, Левандовски со уште еден гол ги разреши сите дилеми, ако и ги имаше, за тоа кој ќе победи на овој меч и кој ќе оди во следната фаза.
По тој гол непријатни сцени на теренот. Се судрија Хајме и Инаки Мартинез, веднаш реагираа лекарските екипи, а домашниот фудбалер беше изнесен на носилки. Гостинскиот играч поигра уште малку па и тој беше повлечен од игра.
Конечните 0:4 ги постави Торе во 56.минута.