Кикс на Арсенал во битката за врвот на табелата во Премиер-лигата. Избраниците на Микел Артета вечерва одиграа 1:1 и освоија само бод на гости кај Брајтон во меч од 20.коло во најсилната лига во светот.
Гостите дојдоа во водство од 0:1 уште во 16.минута со голот на тинејџерот Нванери. Следуваше игра во која Арсенал ја имаше контрола на настаните на теренот. И така беше се до паузата.
Но во второто полувреме Брајтон покажа амбиции да дојде до гол, до пресврт. Арсенал не беше на она ниво од првото полувреме и тоа му се одмазди во 61.минута кога Педро од пенал успеа да израмни на 1:1.
Следуваа акции на “топџиите“, желбата беше да се дојде до уште еден гол, до победа. Но тоа не се случи и Арсенал мораше да се задоволи со овој бод кој искрено нема да значи многу.