logo
logo
logo

Барселона во следните три недели без првиот голман Гарсија

Vecer | 17.09.2026

Барселона во следните три недели без првиот голман Гарсија

фото: FC Barcelona (X)

Барселона ќе биде без својот прв голман Жоан Гарсија во следните три недели. 25-годишниот чувар на мрежата се повреди во дуелот со Расинг Сантандер, во кој каталонскиот тим славеше со 7:2. Гарсија беше заменет на полувремето, откако почувствува болка во десното колено по незгодно лизгање.

Првичните информации наведуваат повреда на менискусот, но најновите официјални информации од Барселона се повнимателни – клубот соопшти дека Гарсија има благи тегоби во десното колено и дека неговото враќање ќе зависи од текот на рехабилитацијата.

Шпанскиот „АС“, пак, објави дека медицинските прегледи покажале коскен едем, поради кој голманот би требало да паузира околу три недели. Според оваа информација, Гарсија би го пропуштил гостувањето кај Севиља, но би требало да биде подготвен по репрезентативната пауза, за натпреварот со Хетафе на 10 октомври.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk