logo
logo
logo

Здравствените работници го добија ветеното зголемување, ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈАВНО ЗДРАВСТВО Е НАД 50.000 ДЕНАРИ

Vecer | 04.04.2025

Здравствените работници го добија ветеното зголемување, ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈАВНО ЗДРАВСТВО Е НАД 50.000 ДЕНАРИ

Со априлската плата за месец март, здравствените работници го добија ветеното зголемување на платите од 2500 денари, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

Со многу труд, работа и посветеност, платите во јавното здравство заедно со зголемувањето во ноември минатата година, достигнавме зголемување од 4815 денари, додека пак за медицинските сестри, платите се зголемија за 6200 денари!

Моментално, просечната плата во јавното здравство изнесува над 50 илјади денари. Ова се должи на октомвриското зголемување од 10,49%, а додека пак кумулативно ќе достигне дури 17,18%!

За разлика  од периодот од 2021-2023 кога реалниот раст изнесуваше само 3,8%, сега здравствените работници, добиваат реален раст на нивните плати од 9,4%.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира своите ветувања и работи за зголемување на платите во сите сектори, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk