logo
logo
logo

Полицајци му помагале на затвореник да си ја најде дрогата, лажел дека барале часовник кој му го зела кучката - Циркус во Затворот Штип

Vecer | 09.04.2025

Полицајци му помагале на затвореник да си ја најде дрогата, лажел дека барале часовник кој му го зела кучката - Циркус во Затворот Штип

Во затворот во Штип се случил немил настан, информира денеска директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Според тоа што го кажа Пандов на прес-конференција во Владата, на 20-ти февруари пред затворот доаѓа едно возило. Затворскиот полицаец не запишува кој се појавил.

-На видеото кое ќе виде испратено преку мејл, ќе видите дека од возилото излегува едно лице кое што доаѓа до ѕидот на затворот и преку ѕидот префрлува топка. На тревникот во затворот се појавувааат затвореници со иницијали Ж.Ж. и уште затвореник со инцијали Р.К. Двајцата бараат нешто низ тревникот. Се појавува затворски полицаец кој им вели дека не треба да се наоѓаат во тој дел од затворот во тој момент. По наредба на командирот, се повикани уште четворица затворски полицајци. Ж.Ж и понатаму говори на телефон и бара на тревникот и се поздравува со полицајците. Истите тие затворски полијаци се вклучуваат во потрагата на нештото по тревникот од затворот, истакна Пандов.

Наредниот ден и понатаму не ја наоѓаат топката, како што вели директорот на УИС. Во топката биле пронајдени 35 грама кокаин и околу 50 грама марихуана.

-Кога директорот ги прашува лицата што барале, објаснувањата е дека затвореникот Ж.Ж. си играл со кучката Цеца во затворот и дека имал скап часовник кој што не го пријавил кога е донесен во затворот. Рекол дека кучката му го земала часовникот и побегнала по тревата и лицата му помогнале за да го побараат. По наредба на директорот формирана е Дисциплинска комисија. Одлучено е дека тројца од полицајците иако треба да бидат казнети, но за жал, не пронаоѓаат вина и веруваат дека они го барале часовникот. Тројца членови на Дисциплинската комисија гласале дека не се виновни полицајците, кажа Пандов и очекува адекватна санкција за сите инволвирани.

Идентификувани се лицата кои го возеле возилото и ја префрлиле топката со дрогата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk