logo
logo
logo

Трендафилов: ВЛАДАТА НЕ Е ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Vecer | 09.04.2025

Трендафилов: ВЛАДАТА НЕ Е ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

По состанокот во Владата, Сојузот на синдикати на Македонија информира дека работниците во земјава немаат голем проблем со Владата и нивните ставови, колку што имаат проблем со останатите синдикати. Според Слободан Трендафилов, само ССМ ги истакнале барањата на работниците како што е растот на платите, како во приватниот, така и во јавниот сектор.

Истакна дека продолжува да се разговара за растот, при што од Владата било истакнато дека моментално не се против зголемувањето на минималната плата.

Утре ќе има состанок на Комисијата за утврдување на репрезентативност. Трендафилов нагласи и дека работодавачите во приватниот сектор се повлекле од процесот на преговори за зголемување на платите откако виделе дека Владата го напаѓа ССМ. Тој ги повика сите партии да дојдат во Работничкиот дом за да се разговара за растот на минималната и сите останати плати.

-Другите два синдикати кои учествуваа на состанокот бараат да се укинат одредбите од Општиот колективен договор во процесот на растот на платите на вработените во јавниот сектор, обелодени Трендафилов и потенцира дека е важно што „Владата не рекла не, не може и нема да зголемуваме плати, меѓутоа другите синдикати го рекоа тоа“.

-Владата кажа дека нема цел да направи штета на работниците и тоа е еден од посветлите моменти на денешниот состанок. Мислам дека за многу спорни прашања сме многу блиску, но, доколку се обидат да го нападнат ССМ преку другите синдикати или партиите, нема да се промени ситуација. Премиерот беше на целосната средба која траеше час и половина. Позитивен сигнал е што не седиме со некои советници туку со претседател на Влада и министер за економија, додаде првиот синдикалец во државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk