logo
logo
logo

Пин Петрол велат немале врска со братучетката на Спасовски и проневерата на пари по акцијата од Финансиска

Vecer | 09.04.2025

Пин Петрол велат немале врска со братучетката на Спасовски и проневерата на пари по акцијата од Финансиска

Како компанија “Пин Петрол” во целост демантираме и се оградуваме од наводите на некои медиуми кои пренесоа информација за некаква поврзаност со уапсената Габриела Крстевска. Ние како компанија немаме никаква сопственичка, правна и родбинска поврзаност со осомничената, велат во демантот испратен до медиумите од компанијата “Пин Петрол” Куманово.

Ние како правно лице имаме склучено договор со АД Пошта Македонија (подружница Пин Петрол) за кое осомниченото лице Габриела Крстевска има работено. Како компанија најостро ги осудуваме ваквите наслови на некои медиуми и за било какви информации во врска со осомничената одговорите треба да ги барате во АД Пошта Македонија. Сета документација во врска со нашето правно лице се доставени до надлежните органи за кои имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан, стои во демантот на компанијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk