logo
logo
logo

Заев и Филипче во ДУБАИ НА ДЕРНЕК НА ЛУКСУЗОТ КАКОВ ШТО НЕ СЕ ПАМЕТИ (ВИДЕО)

Vecer | 03.11.2024

Заев и Филипче во ДУБАИ НА ДЕРНЕК НА ЛУКСУЗОТ КАКОВ ШТО НЕ СЕ ПАМЕТИ (ВИДЕО)

Видео на кое другарите Венко Филипче и Зоран Заев се журкаат на забава на која пее и српскиот пејач Харис Џиновиќ предмалку беше споделено на социјалните мрежи.

Според информациите на уредникот Драган Павловиќ Латас, кој го сподели видеото, кое, според нашите информации го добил од СДСМ, станува збор за видео снимено минатата недела во Дубаи на приватна журка на која присуствувале и сегашниот и поранешниот лидер на СДСМ, додека Харис им пее.

Според српските медиуми, Џиновиќ настапувал во Дубаи на 25 и 26 октомври.

Колкав интерес имало за настапот на легендарниот пејач говори и фактот што тој две вечери по ред се дружел со публиката во престижниот клуб на еден луксузен хотел, а билетите се распродале еден месец пред настанот, иако цените се движеа и до неколку стотици евра, пишува „Нова.рс“ за настапите на Џиновиќ.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат: 

“Ете каде одат нашите пари. Никој кој тешко ги заработил, вака не ги троши“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk