logo
logo
logo

Забрзан премин за носителите на Мкарта при нивното доаѓање во земјава

Vecer | 02.01.2023

Забрзан премин за носителите на Мкарта при нивното доаѓање во земјава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, официјално ја претстави можноста носителите на МКарта да можат да користат „fast-track“ на аеродромите во Скопје и Охрид, при влегување во државата. Проектот МКарта беше претставен во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и промоција на  Македонија во странство. Претставувајќи ја погодноста, Османи нагласи дека проектот МКарта претставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во новата средина во која живеат, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Северна Македонија.
– Забрзаниот премин на нашите аеродроми, што се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, претставува симболично препознавање на нивниот труд и квалитет и благодарност на нашите институции и држава, рече Османи.
Додаде дека меѓу носителите има научници, лекари, бизнисмени, културни работници итн., за кои државата има желба и интерес да бидат дел од севкупниот развој и општествени процеси. Од МНР посочуваат дека уште при претставување на проектот МКарта, било најавено дека во соработка со другите институции, ќе се работи на дефинирање на симболични поволности, како што е слободен влез на културни настани, музеи и галерии, но и денешното лансирање на забрзан премин на аеродромите во Скопје и Охрид. Дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство се задолжени да ги детектираат таквите поединци, а изборот кој ќе биде носител на МКарта се реализира во строго предвидена процедура. Досега таква можност добиле 69 наши државјани, припадници на дијаспората

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk