logo
logo
logo

Парното поскапува до 6%

МИНИМАЛНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ПАРНОТО ОД 1 АВГУСТ - За просечен стан сметката повисока за околу 140 денари

Vecer | 27.07.2026

МИНИМАЛНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ПАРНОТО ОД 1 АВГУСТ - За просечен стан сметката повисока за околу 140 денари

Од први август скопјани ќе плаќаат малку повисоки сметки за парно греење. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за минимално зголемување на цените, при што за просечно домаќинство сметката ќе биде повисока за околу 140 денари. Истовремено, РКЕ ги зголеми и цените на горивата, па бензините поскапуваат за три, а дизелот за 4,54 денари по литар. 

Регулаторната комисијха за енергетика одлучи парното греење за корисниците во Скопје да поскапи од 1. август.

За корисниците на ЕСМ Снабдување зголемувањето е 5,96, за корисниците на ЕСМ Еенергетика или т.н железарско парно поскапувањето е 5,18 проценти, а за корисниците на ЕнергоЕколог поранешно Скопје Север, покачувањето е 3,65 проценти.

Според пресметките на РКЕ за просечен стан од 60 метри квадратни зголемувањето ќе биде 140 денари.

И со овие покачени цени според директорот на РКЕ Ацо Ристов и натаму сме со најниски цени во регионот во однос на толинската енергија.

Денеска е донесена одлука и за зголемување на цената на горивата и тоа 3 денари за бензините и 4,54 денари за дизел горивото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk