logo
logo
logo

За Заев ВРЕДЕЛ Договорот од Преспа СО КОЈ СЕ СМЕНИ ИМЕТО и допрва ќе вредело

Vecer | 13.04.2022

За Заев ВРЕДЕЛ Договорот од Преспа СО КОЈ СЕ СМЕНИ ИМЕТО и допрва ќе вредело

Вредеше договорот од Преспа и допрва ќе вреди, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот информативен портал „Ајидисис“ додавајќи дека допрва ќе се покаже дека вреди и го претвори проблемот во решение, конфликтот во соработка и непријателството во сојузништво, јави дописничката на МИА од Атина.

Според него соработката меѓу  Македонија и Грција е на прилично високо ниво. Коментира дека „има точки каде се соработува и напредува многу брзо, има и точки каде соработката е со умерено темпо“, истакнувајќи дека сепак, напредокот е очигледен и нема застој, нема назадување.

-Ги видовме премиерите Ковачевски и Мицотакис пред некој ден во Делфи на заедничка, конструктивна пријателска средба. Уверен сум дека граѓаните и политичките сили кои сакаат пријателство и соработка наместо изолација и конфликт се сериозно побројни и подоминантни во споредба со оние другите, и тоа во двете држави, истакнува Заев.

На прашањето за Договорот од Преспа, одговара со неколку прашања, „дали пред 2018 година бевме соседи кои не се слушаат, кои не комуницираат и кои имаат непријателски однос едни кон други?“, но и „дали сега сме соседи кои се заедно во НАТО, кои се поддржуваат и штитат меѓу себе, дали компаниите од двете земји соработуваат повеќе од претходно“, како и „дали конечно Грција нема проблем со тоа што ние сме Македонци од Северна Македонија?“

-Ве повикувам Вам, но и сите кои ќе го прочитаат ова интервју, ставете ја десната рака на вашето срце и одговорете си ги овие прашања, онака како што јас го правам тоа во овој момент. Јас велам: вредеше. И велам дека допрва ќе вреди, истакнува Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk