Новата потрошувачка кошничка е спремна, и ќе се вика просечна, но мора да помине на Економско-социјалниот совет кој ќе се одржи во скоро време, односно на усогласување со синдикатите и секако со Организацијата на работодавачи и Организацијата за заштита на потрошувачи.
Според заменик-министерот за економија, Марјан Ристески кошничката ќе биде квалитетен одраз на едно тричлено просечно семејство, според податоците на ДЗС.
Тој истакна дека кошничката нема да биде за креирање на јавно мислење ниту за политиканство, туку актуелната кошничка не соодејствува на реалната состојба и потребите.
-Нашата потрошувачка кошничка сигурно нема да користи алкохол, цигари, летување во странство во пресметките бидејќи тоа го сметаме за луксуз. Исто така нема да има овошје кое не е карактеристично за одредена сезона во годината. Сето ќе биде врз база на релевантни податоци и релевантни цени на производи и податоци од повеќе маркети. Сите цени ќе се земат во предвид. Никој не го скратува правото на одмор, но, сепак одењето на одмор во странство не може да си го обезбеди секој граѓанин во земјава – сметаме дека не е еден од податоците кој треба да влезат во пресметката на просечната потрошувачка кошничка. Не можам сега да ги откријам сите податоци, рече денеска заменикот пред економскиот форум Зајакнување на работоспособните жени.
Ристески рече дека просечната потрошувачка кошница во пресметките нема да користи акцизни стоки, како што се алкохол, цигари, летување во странство и тн. бидејќи тоа го сметале за луксуз. Или, пак овошје кое што не е карактеристично за одредена сезона во годината.
Истакна дека сето тоа ќе биде врз база на релевантни податоци од цените на релевантни производи кои што се користат сезонски, меѓутоа и податоци земени од повеќе маркети.
Односно како што појасни, маркети кои имаат високи цени, маркети со пониски цени односно средни цени и хард дисконти со најниски цени, како и цени од зелените пазари и локални маркети од различни региони во Македонија.
Ристески додаде дека никој не го скратува правото на одмор, во зависност од личниот стандард, но одењето во странство на одмор не е еден од податоците кои треба да влезат во пресметувањето на просечната потрошувачка кошница.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата