Се надеваме дека за максимално краток временски период ќе ја затвориме целокупната истрага за пожарот во Кочани за да може да се може да се продолжи со останатиот дел од постапката, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Коментирајќи ја истрагата за трагедијата во Кочани, рече дека сето она што е преземено како дејствие е споделено со јавноста.
„Истрагата е се уште во тек. Се води од страна на Јавното обвинителство. Министерството за внатрешни работи (МВР) постапува по добиени насоки и наредби од страна на ЈО“, рече министерот.
Последните информации од Основното јавно обвинителство – Кочани се дека до Основниот суд во Кочани е доставен предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство на поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по првпат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување.
Екс министерот за економија, Крешник Бектеши останува во притвор, а од затворски во куќен притвор одат поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата